Се појави шокантна фотографија на која се гледа како стотици Авганистанци се качени во американски воен товарен авион, во очаен обид да побегнат од Кабул по падот на главниот град во рацете на Талибанците, пренесува Гардијан.
Се верува дека фотографијата, објавена од американската веб-страница за одбрана и безбедност „Defense One“ покажува 640 луѓе качени во Ц-17 Глобмастер III, меѓу најголемиот број луѓе што некогаш биле пренесени во таков авион.
JUST IN: “The Crew made the decision to go” — Inside RCH 871, which saved 640 from the Taliban … from @TaraCopp and me https://t.co/r4YvGqJZ4b pic.twitter.com/CI1mAmqjHT
— Marcus Weisgerber (@MarcusReports) August 16, 2021
Официјални претставници на американската одбрана, наводно, изјавиле дека патниците биле безбедно евакуирани со летот од Кабул во Катар во неделата.
Летот немал намера да преземе толкав товар, но некои Авганистанци во паника се приближиле кон полуотворената рампа на Ц-17, објави „Defense One“.
Очајот на многу други Авганистанци беше забележан на аеродромот во Кабул во понеделникот, додека луѓето се држеа за страната на воените авиони што се движеа и најмалку двајца загинаа набргу по полетувањето.
Аеродромот, обезбеден од американската војска, беше единствениот изводлив начин за бегство откако исламистичката група ја презеде контролата врз копнените граници на земјата.
Но, американските сили мораа да го затворат аеродромот во понеделникот во обид да го спречат хаосот и гужвите. Аеродромот повторно се отвори денеска во раните утрински часови, рече американски генерал, додавајќи дека американскиот персонал сега е задолжен за контрола на летање.