[Фото] Музика, јога и забава до утринските часови – започна Д фест

Со балкански рап и енергичен настап, Војко В синоќа ја отвори вечерната програма на главната сцена на Д-Фест.

Веднаш по него македонскиот рапер Страјк ја освежи публиката и ја загреа за енергичните звуци на маестрата на електронската музика кои следеа: Офенбах и Кирил Џајковски.

Илјадници посетители играа неуморно, дури до 3 часот по полноќ.

Оттаму забавата се префрли на Lake Awake сцената каде со звуците на транс изведувачите Trianglum, Forma, Captain Hook и Djantrix се дочека изгрејсонцето на дојранската плажа.

Првиот фестивалски ден започна со јога и музика уште од 10 часот.

Шаренилото од шатори се зголемуваше од час в час, а сите со нетрпение го чекаа почетокот на музичката програма.

Во меѓувреме, разни активности ја одржуваат атмосферата позитивна и загреана низ кампот.

За повеќе информации за фестивалските денови следете го нашиот Инстаграм профил.