[Фото] Млечниот Пат над паркот Јелоустон

Фотографот од Канзас, Дејвид Лејн помина четири месеци фотографирајќи го Млечниот Пат над паркот Јелоустон за да направи импресивни фотографии на ноќно виножито.

Ноќните фотографии секогаш бараат техничко знаење, пишува Bored Panda. Значајна промена која ја направил Лејн е прилагодување на сатурацијата на апаратот, притоа правејќи по десетина фотографии одеднаш за да ја направи вистинската.

„ Тргнете се светлината на 20-30 милји надвор од градот и погледнете нагоре во ведрата темна ноќ, и можеби ќе видите нешто што засекогаш ќе го промени вашиот живот. Тоа е како галаксијата изгледа одвнатре“, вели Лејн.