[Фото] Младите од Велес организираа урбано кино на отворено

Средношколците од Медиа арт клубот при Младинскиот образовен форум од Велес на плоштадот С’рмаале подготвија урбано кино на отворено. По низа предавање од уличната уметност и стекнување на вештини за цртање, тие изработија сопствен арт телевизор каде пректираа документарениот филм со наслов „Banksy vs Robbo & The Graffiti War“.

Младите ентузијасти од Велес ја сфаќаат потребата на нивните врсници и на сите млади во градот за потребата на кино сала во нивниот град.

„Киното е објект кој служи за културен развиток на граѓаните, дружба, забава како и план за петочна ноќ на младите. Градот Велес со години нема кино. Самото тоа го гледаме како неуспех на надлежните поради тоа што и покрај многуте иницијативи за обнова на киното, очигледно надлежните не обрнуваат внимание на желбите на граѓаните на градот. Настанот кој се одржи е настан со кој имавме за цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за тоа зошто ни треба кино. Седнавме на С’рмаале, наместивме платно и проектиравме филм. Сето ова беше изведено но со пречки – светлина која сметаше на проекцијата како и звуците од автомобили кои оневозможуваа да слушаме убаво. Сметаме дека граѓаните ја сфатија нашата порака- немамеве  услови за да изгледаме еден филм, а дружбата меѓу нас младите и заинтересираноста за филмот беше очигледна“, велат Илина и Стефан, координатори на овој настан.

Во продолжение, фотографии од тоа како течеше проекцијата на филмот во инпровизираното урбано кино на град Велес.