[Фото] Млади тетовци во акција – покриени навредливи натписи на повеќе локации

Околу 15 волонтери на Медиа/Арт клубот при Младински образовен форум во Тетово успешно ја завшија акцијата на бришење навредливи натписи на повеќе локации во градот.

На овој начин тие се спротивставија на национализмот и говорот на омраза кој досега беше прикажан на градските ѕидови.

По изборот на локациите, членовите започнале со акцијата на бојадисување на натписи од згради кои биле исчкртани со навредливи содржини.

„Наидовме на голема поддршка кај граѓаните кои не забележаа и имаа само позитивни коментари за акцијата“, велат од Медиа/Арт клубот во Тетово.

Слична акција се реализираше и во Струга, каде младите испратија порака „Немате доволно погрдни зборови, колку што ние имаме боја!“.

Во продолжение, погледнете ја акцијата на овие млади тетовци низ фотографиите кои ги пратија до редакцијата на Радио МОФ.

 

Оваа активност e поддржана од фондацијата National Endowment for Democracy.