[Фото] Мировни пораки, марш и графити за Меѓународниот ден на мирот

Повеќе од 100 ученици од сите основни училишта од општина Бутел заедно го прославија Меѓународниот ден на мирот во скопскиот Градски парк.

„За време на настанот, младите одржаа мировен марш и учествуваа во креативни граѓански иницијативи – цртање графити со мировни пораки, мапирање на еколошките проблеми во паркот и давање предлози за подобрување на изгледот и можностите што паркот ги нуди, како и дискутирање на теми за меѓуетничка интеграција и граѓанските и демократски вредности кај младите“, соопштуваат од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО).

Настанот беше дел од Проектот на УСАИД Македонија за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од МЦГО во партнерство со Младински образовен форум.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.