Опцијата за пребарување на Гугл освен што се користи за да добиеме некоја потребна информација, некогаш знае и да насмее. Радио МОФ реши да „изгугла“ имиња на дел од политичарите во Македонија.
Па така, ако го пребарате името на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во еден од резултатите стои „лопати“, што потсетува на фотографијата од неговиот кабинет каде беа закачени две лопати како украс. Или пак, ако го „изгуглате“ на пратеничката од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева, прво ви покажува „патни трошоци“, однесувајќи се на огромните средства кои и беа исплатени за патување до работа.
Во продолжение, погледнете кои сугестии автоматски ги дава Гугл пребарувачот за македонските политичари, на кирилица и латиница: