[Фото] Масовен петтомајски протест и перформанс на местото на убиството на Мартин

Илјадници граѓани, поддржувачи на движењето #Протестирам, се собраа и денеска пред СЈО, по што тргнаа кон Собранието. На денешниот протест, се одбележува една година од ланските настани на петти мај, кога по спонтаниот протест и „окупацијата“ на Владата, интервенираше специјалната полиција и беа повредени и уапсени десетици демонстранти.

55-4

Токму затоа, во денешниот протест доминираат транспаренти и извици поврзани со убиството на Мартин Нешковски, кое беше повод за ланскиот петтомајски протест. Демонстрантите вечерва извикуваат „Убијци“, „Правда за Мартин“ и „Пробавте да скриете“.

По Собранието, каде се пушта аудиоснимката на која функционерите на власта зборуваат за случајот со Мартин, граѓаните ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ и местото на убиството на Нешковски, каде ќе биде изведен посебен перформанс.

55-1

55-2

55-5

55-9

55-6

55-7

55-8