Освен редовните саботни акции за поделување топли оброци за социјално загрозени лица, хуманитарното здружение „Љубезност“ презентира фотографии и информира дека изминативе две седмици имале можност да земат поголема количина покуќнина од неколку семејства, кои целосно им донирале се’ што имаат во своите домови.
„Се работи за два стана кои се во процес на продажба и една куќа која инвеститорот ќе ја сруши за да изгради нова зграда. Сопствениците на овие објекти, но и нашата пријателка архитект Елена не контактираа со цел да не се фрла покуќнината, туку да се донира на социјално загрозените семејства“, соопштуваат од „Љубезност“.
Покрај кревети, шифоњери, бела техника и останато, биле донирани и собни врати, даски и друди дрвени табли, кои ќе се употребат за изградба на привремени дрвени бараки за сместување на бездомни семејства.
„Голема благодарност до сите кои не контактираа и донираа во овој изминат период, за покажаната доверба кон нашето Здружение и нашите постојани активности“, велат од „Љубезност“.
Фото: „Љубезност“