[Фото] „Љубезност“ делеше оброци за социјално загрозени лица, апелираат да не се фрла вишокот храна од Велигден

Иако Скопје беше празно и за време на четирите неработни денови многу наши сограѓани замина надвор од градот, сепак голем број граѓани донесоа топол оброк пред Спомен домот на Мајка Тереза, велат од хуманитарното Здружение „Љубезност“, кое оваа сабота организираше добротворна акција за поделување оброци.

Од Здружението апелираа до сите граѓани да не го фрлаат вишокот храна од Велигденските празници, туку од денес и утре да ги контактираат, со цел храната да стигне до оние кои немаат – бездомниците и социјално загрозените лица.

Инаку, овој хуманитарен настан не е само празничен. „Љубезност“ веќе 4 години секоја сабота се собираат и организираат делење оброци во централното скопско подрачје, кај Спомен домот на Мајка Тереза. Акциите ќе продолжат и во наредниот период.

Фото: „Љубезност“

1

2

4

5

7

8

10