Граѓаните на Венецуела, гневни на владата на претседателот Николас Мадуро, веќе еден месец секојдневно излегуваат на улица за да протестираат против него. И покрај десетиците убиени за време на насилствата на протестите, енергијата на демонстрациите се уште е силна.
Во разговор со Би-Би-Си, дел од демонстрантите ги објаснуваат своите причини за протестирање и кои се нивните очекувања. Фотографиите се направени од Алехандро Цегара.
„Ние се бориме за нашите деца“ – Мариа Алварез, 57
„Не постои слобода на изразување во Венецуела. Нема никаква слобода. Како врв на тоа, има недостиг на лекови, на јавни добра. Оваа криза влијае врз целата моја фамилија. Ние преминавме од средна класа, во многу пониска. Секој ден е се полошо и нашите деца немаат иднина. Тие ги убиваат нашите деца (на протестите).
Јас сум овде како мајка, не само за моите деца, туку и за сите деца и млади во Венецуела, кои неправедно се репресирани бидејќи ова диктаторство сака да ја преземе државата.
Власта ја претставува опозицијата како терористи. Ние навистина сме изморени од ова и затоа ќе продолжиме да протестираме.
Има луѓе што мислат дека уште еден марш нема да промени ништо, но јас не мислам дека тоа е вистина. Верувам дека ако сите се обединеме, ние може да постигнеме нешто.
Јас ќе продолжам да марширам се додека моето здравје ми го дозволува тоа. Јас преживеав рак на дојка, само што дојдов од мојот преглед и сум добро, така што ќе продолжам да се борам за моите деца, за мојата држава“.
„Ќе се спротивставувам се додека не умрам“ – „Ла муерте“ (псевдоним што значи смртта), 27
„Јас сум на мојот 32 ден од протестите. Јас марширам секој ден, спротивставувајќи се.
Бев невработен два месеци поради ситуацијата во државата. Фирмата за којашто работев си замина од Венецуела. Имам две деца. Сега продавам и купувам производи на црниот пазар за да ги нахранам.
Ние сме овде за да ставиме крај на диктаторството во Венецуела, за нашите деца да растат во слободна Венецуела. Луѓето во Венецуела не поддржуваат, но носат храна и вода. Тие знаат дека ние нема да ги напуштиме, ние сме отпорот од Каракас, ние сме отпорот во Венецуела.
Јас носам рачно направен штит на кој ја носам мапата на Венецуела. Носам маска бидејќи „себијан“ (венецуелската разузнавачка служба) не бара.
Полицијата доаѓа да ги пребарува нашите домови и не носат ако најдат некој од нас. Тие веќе одведоа неколку мои пријатели.
Неколку пријатели беа убиени. Повеќе од 30 луѓе беа убиени во 35-те дена протести. И ние се бориме за нив“.
„Ние не заслужуваме да живееме вака“ – Мигел Пизаро, 29, опозициски пратеник
Она што ме носи на протестите е тоа што и се случи на мојата сестра. Таа ми е како мајка бидејќи таа ме одгледуваше додека моите родители, левичарски милитанти ја вршеа својата работа.
Таа има 38 години и нејзе и беше дијагностициран тумор на мозокот во 2012 година.
Таа примаше инјекции за да го спречи развивањето на туморот. Тој лек се произведуваше тука. Но, во 2014 година престана да се произведува во Венецуела и наскоро престана да биде важен.
Туморот на мојата сестра започна да расте повторно и направи да биде парализирана.
Во 2015 година, одлучивме како семејство дека мора да ја изнесеме од државата. Таа сега живее во странство во мал стан како нелегален имигрант и испраќаме она што и треба за да може да ги прима потребните инјекции, за нејзината парализа да биде под контрола.
Не сакам да продолжам да живеам во држава каде единствено што можам да ја видам е на екранот од мобилниот телефон бидејќи некој решил да ги потроши парите потребни за лекот.
Кога се будам изморен од протестирање, се сеќавам на денот кога и мавтав на нејзе и на мојата внука на аеродромот.
Мора да ја претвориш болката во гориво, бидејќи ако не го направите тоа, ќе се претвори во омраза, болката ќе се претвори во желба за одмазда, а јас сакам тоа да биде гориво за промена“.
„Не се чувствувам безбедна на протестите, но мора да бидам храбра“ – Алба Фернандез Торез, 74, докторка
„Бев на сите протести досега и ќе продолжам да одам на сите.
Ризично е, но ако сакаме слобода за мојата држава и за децата во оваа држава, мора да ризикуваме.
Моите деца, секако, се грижат за мене, но се согласуваат со мене. Тие велат ‘продолжи мамо, и ние ќе продолжиме исто така!’
И покрај мојата возраст јас чуствувам должност и морална обврска да им обезбедиме на децата една слободна Венецуела, каква што ја знаев додека бев студентка.
Јас барам слободни избори за промена на оваа влада што не ја сакаме, оваа влада ја избриша средната класа од мапата. Јас работев како анестезиолог и како докторка, па можам да ви кажам дека проблемите се многубројни.
Ние немаме резерви. Кога пациент треба да се оперира, прво му се дава листа на медицински производи што треба да ги купи, без разлика колку тие чинат, бидејќи болницата нема ништо.
Јас имам рак на мочниот меур и немав можност да се прегледам, кој требаше да се случи во јануари, бидејќи нема реагенси.
Тоа влијаеше и на мојата исхрана – сега не јадам половина од тоа што порано јадам и е воглавно јаглехидрати. Каде е протеинот за да ни даде енергија?
Јас ќе продолжам да протестирам се додека тој човек (претседателот Мадури) не си замине. Не сакам насилство, но ќе го исфрлиме, во тоа сум сигурно“.
„Мајка ми беше лута кога првпат излегов на протест“ – Педро (не е неговото вистинско име), 18, средношколец
„Ние сме овде да ја собориме владата, на еден, или друг начин. Луѓе умираат од глад, вредноста на валутата опадна, не можеме да купиме основни производи и постои недостиг на безбедност, што не убива.
Мојата баба не може да ги добие лекарствата што и се потребни. Потоа, во јануари, мојот чичко беше убиен од криминалци.
Тогаш решив да излезам и да протестирам, но знаев дека нема да ми биде дозволено да го правам тоа сам. Разговаравме за тоа на училиште секој ден и одлучивме сите заедно да излеземе на улиците.
Не има речиси 15 од нас, сите на иста возраст и се нарекуваме „Лос Педрос“. Во моментов немаме часови поради протестите, така што може да доаѓаме овде.
Ова е мојот петти протест. Нашите родители знаат дека сме овде. Тие се грижат, но тоа го правиме за Венецуела“.