[Фото] Лажни потерници по опозициски пратеници се појавија во Скопје, се бараат за „предавство“

Во неколку скопски населби денека се појавија пропагандни летоци, на кои неколку опозициски пратеници се обележани како „предавници“.

„Утрово во Дебар Маало и делови од центар беа излепени овие најнови активистички достигнувања на чистото движење за заедничка Македонија“, напиша Павле Богоевски, еден од учесниците во Шарената револуција, а сега и пратеник. Тој објави фотографија на својот Фејсбук профил на кој ја прикажа потерницата по него.

Покрај него, во населбите се шират и лажни потерници по Стево Пендаровски, поранешниот кандидат на СДСМ за претседател, сега исто така пратеник, како и за Ивана Туфегџиќ, активистка и пратеничка.

Се уште не се знае кој ги дели летоците, иако се претпоставува дека е дел од пропагандните активности на провладините активисти.

Во „потерниците“, опозициските пратеници се барат поради тоа што „прифатиле официјализирање на албанскиот јазик и неговото писмо како втор службен јазик, редефинирање на државата како вовед во кантонизација и федерализација, воведување на казни во висина од 5000 евра за неупотреба на aлбанскиот јазик“,како и други шпекулации кои опозицијата ги негираше.