Фото: Куќичката на Јованче и Марика во паркот во Топанско поле

Нова детска едукативна инсталација со наслов „Приказна за Јованче и Марика, барајќи го патот до домот ја наоѓаат чоколадната куќичка“ е поставена во парк во Топанско поле, во општината Чаир.

Поставена од Град Скопје, главната цел на овој проект е преку облагородување на јавниот простор да се поттикне детската фантазија и игра и да се влијае врз развивање на детската креативност. Автор на идејното решение е Филип Петровски.