[Фото] Конзерва со спреј содржи 1 милион копии од албумот „Мезанин“ на „Масив Атак“

Познатиот албум на „Масивен Атак“ од 1998 година „Мезанин“ ја доживеа својата 20-годишнина, а за да ја одбележи оваа пригода групата издаде нова верзија на албумот, но кодирана во ДНК. Албумот се издава во форма на конзерви со спреј во црна мат боја, од кои секоја содржи околу еден милион копии од албумот.

„Тоа е креативен начин за складирање на својот албум, иако мала е веројатноста дека уличните уметници ќе ја присвојат ДНК-внесената боја бидејќи сакаат анонимност”, забележа дуото во соопштението, мислејќи на почетоците на членот на „Масив Атак“ како графити уметникот 3Д (за кој со години постојат сомнежи дека е познатиот анонимен уличен уметник Бенкси).

Соопштението, исто така, го опишува процесот на кодирање на ДНК.

„За да се овозможи мешање на ДНК со конерзвата со спреј и за да се загарантира стабилноста на информациите, ДНК секвенците беа вметнати во синтетички фосили од стакло, а потоа директно беа додадени во конзервата со спреј. Ние обезбедивме секој спреј да содржи најмалку 0,1 микрограми синтетичка ДНК, што е еквивалентно на 1 милион примероци од албумот. Ова е можно само поради огромниот капацитет на податоци на ДНК (околу 100 ексабајти по грам). ”

Групата, исто така, истакна дека кодирањето на ДНК „може да биде одговор на проблемот со архивирање на огромната количина на информации што светот ги создава”.