Фото конкурс на тема „Човекот и планината“

Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” организира фото конкурс на тема „Човекот и планината“.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност.

Краен рок за испраќање на фотографиите е 30 ноември.

Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавени во заеднички албум на Фејсбук профилот на здружението по завршување на рокот на испраќање на фотографиите.

„Во период од 01.12.2021 година до 10.12.2021 година ќе биде овозможено секој да гласа за нив со „лајк“. 15-те фотографии кои до 10 декември ќе имаат најмногу гласови („лајкови“) ќе бидат отпечатени и изложени за време финалниот настан (изложба – која ќе се организира согласно ситуацијата со Ковид-19)“, стои во описот на конкурсот.

Членовите на комисијата за наградување од сите пристигнати фотографии ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени.

Победниците ќе бидат објавени на крајот од месец декември 2021 година, на фан страницата на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” и ИГЕО Порталот како и на завршната изложба.

Организаторите препорачуваат форматот на фотографиите да е JPEG и најмалку 150dpi, додека долемината на фајлот да не е поголема од 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот.

Не е дозволено фотографиите да бидат црнобели фотографии или панорама формати.