[Фото] Kонцерт на скопските средношколците за Град Скопје

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, вчера се одржа ревијално претставување на хоровите, вокалните групи и оркестри од средните училишта на градот. Свој впечатлив настап имаше Градскиот дувачки оркестар.

Ревијалниот настан се организираше во холот на „Скопје сити мол“, а го отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Настапот на средношколците го следеа неколку илјади посетители, а организаторите изразија желба ревијалниот концерт да прерасне во традиција.

На концертот учесвуваа средните скопски училишта, Кочо Рацин, Никола Карев, Георги Димитров, Марија Скодовска –Кири, Здравко Цветковски, Браќа Миладиновци, Панче Караѓозов и Васил Антевски-Дрен.