[Фото] Коко се врати дома со уште три пријатели

Во скопската зоолошка градина утрово се врати шимпанзото Коко, кое изминативе 10 години се рехабилитираше во Холандија од депресија.

Стручен тим од холандската организација за Застапување и заштита на животните утрово ги донесе шимпанзата Коко, Мими, Роси и Хјасл во нивното ново живеалиште.

„Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити“, соопштија од Скопје ЗОО.

За нив ќе се грижат четири негуватели, а после одморот и адаптацијата, вработените кои го испратија Коко пред 10 години ќе се поздрават со стариот другар.

Фото: Скопје ЗОО