[Фото] „Климатско решение нема на изборна листа“ – герила акција на Fridays for future во Скопје

Аерозагадувањето не е доволно застапено во ниту една предизборна кампања – гласи еден од транспарентите со кои активисти на „Петоци за иднината“ (Fridays for future) попладнево застанаа кај Соборниот храм во Скопје.

„Со социјална дистанца и маски, сакавме да го искажеме нашиот револт на неадекватниот и недоволниот осврт на сите партии кон екологијата и климатските промени во нивните предизборни кампањи“, велат тие.

Преку герила акцијата тие порачаа дека изборите ќе поминат, но климатските промени остануваат.

Во меѓувреме, анализата која ја направивме на Ребалансот на Буџетот за 2020 година, донесен од Владата на 14 мај, покажува дека Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) е намален за 25%, односно 200 милиони денари. Без малку целото кратење е направено во ставките за заштита и унапредување на животната средина.

Фото: Fridays for future