[Фото] Кинеската вселенска сонда слета на „темната страна“ на Месечината

Кинеската вселенска сонда „Чанг’e 4“ ја испрати својата прва фотографија од далечната страна на Месечината. Фотографијата го означува првото слетување на летало направено од човекот на неистражената „темна страна“ на месечината.

Сондата беше лансирана на 8 декември и влезе во лунарната орбита на 12 декември. На неа има повеќе геолошки инструменти, за анализа на неистражениот регион, како и за спроведување на биолошки експерименти.

Слетувањето на сондата се смета за важна пресвртница во истражување на вселената. Иако изминатите години имаше бројни мисии на Месечината, главно се спроведуваа преку орбитирање и прелетување. Последното летало со екипаж кој слета беше Аполо 17, во 1972 година.

Првите слики од површината на месечината ги споделија државните кинески медиуми. Без неможноста за воспоставување директна комуникациска врска, сите слики и податоци мора да бидат прифатени од посебен сателит пред да бидат пренесени на Земјата.