[Фото] „Какви хотели, какви бакрачи“ – протест во Охрид за одбрана на Лагадин

„Охрид не е Лептокарија“, „Ние сме генерација што уништува се за следните“, „Мораториум за градење на целото крајбрежје“, се дел од испишаните транспаренти кои беа истакнати на денешниот протест против урбанизацијата на населбата Лагадин.

Група револтирани граѓани се собраа пред градилиштето на спорниот хотел и Медитеранската плажа во населбата.

Мирниот протест имаше за цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица, кои најчесто се прават под превезот на развој и унапредување на туризмот.

Извор: Канал 77