[Фото] „Како толку лесно некој фрла отпад во природа?“ – Скопските извидници го чистеа Водно

Само во првите 300 метри на Водно наполниле десет 110 литарски вреќи отпад, велат од Првиот скопски извиднички одред (ПСИО), кои вчера со нивните извидници од јатата „Коприви“ и „Бамбуси“ одржаа акција на чистење на планината.

Акцијата се одржа по повод одбележување на Светскиот ден на извидниците 22 февруари, кои го слават 50 милиони извидници во 170 земји од светот.

„Нашите извидници беа зачудени и вознемирени, како може некој толку ладно да фрла отпад во природа? Најмногу се собраа пластични шишиња, чаши од кафиња, лименки. Апелираме до граѓаните и надлежните за повисока свест и чување на чиста животна средина. На едно шише му требаат 300 години за да се распадне“, велат од Првиот скопски извиднички одред.