[ФОТО] Како изгледаат нозете по Тур де Франс

Велосипедистот Бартош Хузарски на својот профил на Фејсбук објави фотографија која привлече огромно внимание на социјалните мрежи.

[ФОТО] Како изгледаат нозете по Тур де Франс

Станува збор за фотографија на нозете на Хузарски направена по завршувањето на 18-та етапа на велосипедската трка Тур де Франс. Некои од коментарите беа дека тие повеќе личат на „костим на Спајдермен, отколку на нозе“.

По објавувањето на фотографијата, на својот профил на Фејсбук, Хузарски добил огромен број пораки.

– Не очекував дека сликата на моите нозе ќе предизвика толкава збрка. За мене тоа не е ништо невообичаено, бидејќи го гледам тоа често, можеби не секој ден, но многу често, особено по напорни трки на вискои температури, изјави велосипедистот.

Тој вели дека пораките што ги добил содржат различни мислења, од такви дека е тоа е невозможно, дека е ненормално, нездраво, па дури и дека е последица на допинг, пренесе МИА.

– Не можам да имам нозе како модел на „Викторијас Сикрет“, ниту као госпоѓата од локалната продавница, ниту како некој што половина ден минува во канцеларија и трча трипати неделно по еден час или вози велосппед по 10 километри. Ова што го гледате не е нездраво. Тоа е резултат на професионален пристап, жртвување, правилна исхрана, боди билдинг, минимално количество масти во телото, минувани 35.000 километри годишно во последниве 12 години и познавање на своето тело, вели Хузарски.