[Фото] Изложба на стари велосипеди во општина Новаци

Во рамки на „Културното лето Новаци 2017“ деновиве се одржа изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор од Авто етно Музеј „Крклино“. На изложбата беа презентирани велосипеди стари децении. Покрај ова, се одржа и велосипедска тура низ Новаци-Добромири-Агларци.

Новаци е една од неколкуте општини во државава што субвенционираше купување на велосипеди.

Од граѓанската иницијатива „На точак“ ја поздравуваат оваа акција, но потсетуваат дека локалните самоуправи прво треба да вложат во безбедни услови и инфраструктура, па после да ги повикуваат граѓаните да возат.

„Следен очекуван чекор е вложувањето во условите за користење на велосипедот низ општината и помеѓу населените места. Низ населените места – зголемување на безбедноста со соодветни интервенции во дизајнот на улиците (подигнувања и стеснувања). Вон населените места – велосипедски патеки издвоени со зеленило покрај регионалните патишта“, велат од „На точак“.