Фото-изложба и дебата „За подобро Тетово“

Младински образовен форум – Тетово во рамки на иницијативата „Подобри услови за живеење на граѓаните на Тетово“ го организира финалниот настан насловен: „За подобро Тетово“.

Настанот ќе се одржи на 4 мај (понеделник), во просториите на ЦБС ЛОЈА во Тетово, со почеток во 18:00 часот.

Во првиот дел ќе има јавна дебата, на која ќе се дебатира за проблемите кои ги засегаат тетовци. Учествуваат претставници од локални институции, претставници на невладини организации, граѓански активисти и сите засегнати граѓани на Тетово.

По јавната дебата, настанот ќе продолжи со изложба на фотографии и коктел. Ќе бидат претставени фотографии од локални проблеми со кои се соочуваат граѓаните на општина Тетово, дела на граѓани на Тетово, испратени на преходен конкурс.

Иницијативата „Подобри услови за живеење на граѓаните на Тетово“ се спроведува како дел од проектот „Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“ спроведуван од Македонскиот центар за европско образование, а финансиски поддржан од Civica Mobilitas.