[Фото] Излетничкото место Дошница се трупа во ѓубре

Топлите вирови на река Дошница во Демир Капија деновиве се преполни со рекреативци од регионот. Ова популарно излетничко место е домаќин на бројни посетители и спортски манифестации во текот на годината, но исто така и на отпад кој постојано се кумулира.

Пластични шишиња од вода, амбалажи од грицки и лименки од пиво, па дури и заборавена облека, беа „дел од природата“ во овој предел.

Граѓаните кои ги сретнавме велат дека најчесто покрај својот отпад, го собираат и туѓиот, но во кантите посочуваат тие, нема место за ново ѓубре.

Контејнерите, во меѓувреме, поставени на самиот почеток од излетничкото место кои се полска донација, стоеја празни.

Е.П.