[Фото] Инвазија од возила узурпатори низ центарот на Скопје

Проект „Скопје Велоград 2017“… Во таа насока состојба во централното градско подрачје на 16 март 2016, коли апсолутно насекаде! Автомобилска инвазија!, реагираат од велосипедската иницијатива „НаТочак“.

Од таму прашуваат дали постои институција која е надлежна за санкционирање за, како што велат, вакво насилно сообраќајно окупирање на јавни површини.

„Дали постои некаков план ова некогаш да се реши? Министерство за внатрешни работи, Град Скопје, Андреј Жерновски, Коце Трајановски, РСБСП?“, реагираа од „НаТочак“, објавувајќи фотографии од централното подрачје.

Инаку, оваа иницијатива вчера веќе реагираше и за Рута 1 од градскиот проект „Скопје Велоград“, каде се гледаат голем број паркирани автомобили кои буквално ја блокираат велосипедската патека.

=

1

2

3