Инспекторатот на Град Скопје изминатите денови извршил засилена контрола во реонот на населбата Лисиче.
Според Инспекторатот, контролата се спровела со комбинирани тимови на инспектори за животна средина, комунални инспектори и редари.
„Лоцирана е куќа каде во дворот се вршело недозволено спалување на кабли, пластика и секаков вид на материјал. Покрената е постапка и сторителите ќе бидат соодветно казнети“, соопштува Инспекторат на Град Скопје, тврдејќи дека засилени контроли продолжуваат и во наредниот период.
Истовремено, апелираат до граѓаните секое незаконско дејствие да го пријавуваат до надлежните органи.
Фото: Инспекторат на Град Скопје