[Фото] Иницијативата „5 до 12“ пред Собрание: Ќе се избориме за лицата со посебни потреби

„Сакаме похумано општество со почитување на различностите“ е пораката која денес ја испрати иницијативата „5 до 12“ пред Собрание.

Иницијативата „5 до 12“, се бори за унапредување на правата на лицата со посебни потреби. Првиот камп во кој престојуваа лица со посебни потреби и нивните семејства во паркот спроти Собранието го постави на 20 април 2017 година. Се работеше за здружена акција на повеќе организации, претежно од Штип, но и од Скопје кои, револтирани од односот на државата кон оваа категорија граѓани, решија да го привлечат вниманието и јасно да ги претстават нивните барања на јавноста и институциите.