Илјадници граѓани на Тетово денеска излегоа на протестен марш против енормното загадување на воздухот.
Мирниот протест започна од градскиот плоштад во Тетово каде што организаторите, здружението „Еко Герила“ посочија на алармантната состојба со загадувањето на воздухот во Тетово.
„Тука сме поради заедничкиот проблем на сите нас и на нашите идни поколенија, тука сме да протестираме против загадениот воздух и против сите оние кои не трујат“ – изјави Аријанит Џафери од „Еко Герила“.
На протестот свои обраќања имаше и професорот Абдулменаф Беџети, како и лекари, интелектуалци и граѓани на Тетово. Од плоштадот, протестот продолжи по булеварот „Илирија“ и заврши на излезот од градот кон Скопје.