Некои семејства кинеската Нова година ја прославуваат со златници, црвени пликови и петарди. Белгискиот дизајнер Чарлс Кесин, навлегува во годината на козата (или овцата, во зависност од личните ставови) со огромна скулптура на коза која виси, а е направена од 13 500 мали златни оригами во форма на коњ кои висат на црвени панделки.
Оваа скулптура од неколку метри во Хонг Конг претставува потсетување на 2014 година, годината на коњот, но за Кесин скулптурата претставува многу повеќе од транзиција кон нова година. Според него, скулптурата претставува врска меѓу сите спомени од минатата година и сите убави моменти кои треба да се случат.
Извор: thecreatorsproject.vice.com