Хонорарците пред Влада – бараат повлекување на Законот за хонорарите

Расте бројот на граѓани кои се придружуваат на протестот поради новите давачки за хонорарите.

Како што јавува репортерката на Радио МОФ, неколку илјади граѓани стигнаа пред Владата поздравувајќи ја со „Апаши, апаши“. Потоа пред присутните , од страна на пејачката Ана Костовска беше изведена и македонската химна.

Организаторите на протестот пред Владата уште еднаш повторија дека не се задоволни од новиот закон со кој се воведува плаќање на придонеси и за хонорарите, и побараа тој итно да биде повлечен. Движејќи се од Собранието кон Влада, тие се задржаа пред Министерството за труд и социјална политика и побараа оставка од надлежните.