[Фото] „Холограмска“ велосипедска патека во Сараево

Велосипедистите во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, во октомври лани се израдуваа на веста дека во три општини во градот ќе се гради, како што ја најавија општинските власти, „велосипедска патека по европски стандарди“. Сепак, како што може да се види од изведбата на патеката во населбата Алипашино поље, властите прибегнале кон импровизација –  на ова место патеката поминува низ автобуска постојка и во тој дел е со сива боја, па изгледа како патеката на ова место мистериозно да исчезнува, пишува порталот Klix.ba.

[Фото] „Холограмска“ велосипедска патека во Сараево „Алипашинскиот триаголник“… „Тоа е холограм, треба само да се продолжи понатаму…“ – ова се само дел од духовитите коментари на социјалните мрежи.

[Фото] „Холограмска“ велосипедска патека во Сараево Изградбата на патеката ја финансира Градот Сараево и Дирекцијата за патишта на Сараевскиот кантон.