Кога ќе фати летото, плоштадот „Македонија“ го ладат прскалките од „сувата“ подна фонтана. Амбиентот го надополнуваат златести канделабри, лавови што прскаат вода од уста и воини со штитови со по 6, 8 и 14 сончеви краци. Исто така, има и спонтана мешавина од објекти и споменици од различни историски епохи, луѓе во лесна летна облека и гигантски екран „закачен“ врз рефасадиран објект, некогашен симбол на модерната архитектура.
Но, на екранот како да му здодеа од економско пропагандната програма, па синоќа почна да емитува некаква „грешка“ (error).
Фото: Социјални мрежи