[Фото] Граѓански собир, поддршка за СЈО и протест против одлуката на Иванов за аболиција

Спонтан граѓански собир, на кој стотина граѓани изразуваат поддршка за Специјалното јавно обвинителство и протест против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на сите политичари кои беа осомничени од СЈО, се одвива во моментов на две локации во Скопје.

Една група е собрана пред просториите на СЈО, каде ја блокираат улицата и извикуваат „Нема правда, нема мир“ и слогани во поддршка на Обвинителството. Групата со аплауз ги поздрави обвинителките од СЈО, кои се појавија пред зградата.

Втората група прво се собра пред Народната канцеларија на Претседателот во центарот на градот. Таму им се придружија граѓаните кои беа пред СЈО, по што беа фрлени јајца кон канцеларијата на претседателот на Рекорд.

„Многу луѓе напишаа на Фејсбук да излеземе, бидејќи многумина се револтирани од изјавата на претседателот Иванов. Тоа е уште еден обид да го делегитимира прецизното работење на СЈО. Направивме настан прво тука, за да кажеме дека го поддржуваме СЈО и бараме процедурите што ги почна, да ги продолжи до крај. Од друга страна,  да се спротивставиме на оваа маскарада на претседателот“, изјави активистката Билјана Гинова.

h-3

h-2

h-1

h-5

h-6

h-7

h-8