[Фото] Граѓани преку Фејсбук повикуваат за донации за изгорената градинка во Шуто Оризари

Преку Фејсбук се шират фотографии од целосно изгорената градинка „8 април“ во Шуто Оризари, која ја зафати пожар на почетокот на месецов.

Граѓаните апелираат за помош и донации за повторно да се изгради градинката, со што децата би се вратиле во нов објект. Преку иницијативата што се роди преку Фејсбук е посочен бројот 075/077 143-133, на кој може да се донира по 100 денари.

Инаку, градинката сместувала 150 деца. Откако целосно изгоре објектот, од општината се надеваа дека со помош на надлежните министерства ќе се изгради нова градинка.

12