[Фото] Граѓани повторно спречени да протестираат пред Влада, тргнаа кон Собрание

Граѓаните од движењето #Протестирам повторно беа спречени да протестираат пред Влада. Поради полициската блокада, тие уште еднаш се упатија кон Собранието. Протестот започна мирно, а се извикува „Оставка„, „Нема правда, нема мир“, „Долу диктатурата“.

По дводневната жалост за конфликтот во Куманово каде загинаа осум полицајци, денеска прв пат се одржува протест на ова движење, откако претходно во два мирни собири граѓаните оддадоа почит на жртвите во Куманово.

Движењето #Протестирам започна од 5 мај, кога во јавноста изгледоа снимки од „бомбите“ на опозициската партија СДСМ, каде се слушаат разговори на повеќе владини функционери со обиди за наводно заташкување на случајот Мартин Нешковски.

(1)

Барањата на ова движење се итна оставка и преземање одговорност на целата Влада, итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму, како и формирање на Влада за демократизација на институциите.