[Фото] Герила акцијата на „Ќе Дишеме или Ќе Издишеме“

Иницијативата „Ќе Дишеме или Ќе Издишеме“ со герила акција пред Фондот за здравство побара да запре игнорантскиот однос на институциите кон граѓанските барања и тие да биде соопштен бројот на потрошени лекови за респираторни проблеми во последниве три години во регионот на Скопје,Тетово и Битола.

Активистите на иницијативата направија рецепти на кои е напишано генеричко име на лековите потребни на лицата со респираторен проблем. Акцијата ја нарекоа „Мој Рецепт”  со цел, како што велат „да им го олесниме дишењето на институциите кои не сакаат да одговорат на нашите прашања“.

unnamed2

„Воедно во оваа прилика ги повикуваме Директорот на Фондот за здравство и Директорот на бирото за лекови јавно да го соопштат бројот на потрошени лекови за респираторни проблеми во последниве три години и тоа по региони Скопје,Тетово и Битола.Јавно ги повикуваме да соопштат за колку е зголемена потрошувачката на лекови за третман на неоплазма исто така по региони Скопје,Тетово и Битола.Ние повторно им ја даваме шансата да не бидат само статисти и неми набљудувачи на овој проблем“, порачуваат од иницијативата.

Од иницијативата посочуваат дека иако постојат неполн месец, веќе се соочуваат со притисоци и спинови.

Тие повторуваат дека здравјето нема цена, а бројот на случаи на дечиња до 6 години со респираторен проблем само во 2014 година бил 282 660 случаи.Од иницијативата се надеваат дека со ваквата кампања ќе успеат да ја поттикнат свеста и совеста кај одговорните.