[Фото] Герила акција во Аеродром – жители посадија цвеќиња во уличните дупки

Темјанушки и каранфили посадија граѓаните во ударните дупки во општина Аеродром.

Со оваа герила акција сакаат да го потсетат градоначалникот Ивица Коневски на нивните проблеми.

Велат дека на улиците „Божидар Николов Силни“, „Тодор Чангов“, „Симеон Кавракиров“ и „Васко Карангелевски“ ги кршат возилата, а од дупките загрозена им е безбедноста.