[Фото] Француски уметник ја отслика силната врска помеѓу бразилското домородно племе и Амазон

Како гест со кој би привлекол внимание кон масовното уништување на шумата Амазон, францускиот фотограф и уличен уметник Филип Ешару ги проектираше лицата на домородните Бразилци на дрвјата на шумата. Прикажаните слики ја демонстрираат нераскинливата врска помеѓу шумата и нејзините жители, нагласувајќи ја потребата од зачувување на нивните домови и ресурси.

Фотографиите се фокусираат на племето Суруи во Бразил, кое е предводено од главатарот Алмир Суруи Нарајамога, а од бразилската влада беше побарано да помогне во зачувување на нивниот дел од шумата со цел да се зачува нивниот опстанок. Ешару беше поканет од главатарот Нарајамога со цел да привлече внимание на проблемот.

Истите фотографии ќе бидат изложени и во Париз, од 11 ноември до 15 декември.