Активистки на Феминистичкиот колектив во Тирана минатата недела направија симболична акција за да реагираат на случаите на фемицид во Албанија.
Тие го окупираа јавниот простор така што ги заменија постоечките називи на 20 улици, со имињата на жените кои минатата година биле убиени од поранешни сопрузи, љубовници или поради други околности.
Под поимот фемицид генерално се подразбира намерно убиство на жена затоа што е жена.
„Во општество каде структурното и патријархалното насилство ги претвора жените во жртви, а мажите во криминалци каде криминалот е оправдан, а жртвата постојано се обвинува, неопходна е масовна реакција на радикална трансформација“, напиша активистката Џени Карај на својот Фејсбук профил, која беше дел од акцијата.
Според неа, убиствата на жени и родовото насилство не се приватни прашања, туку социјални и политички. Поради ова, тие бараар конкретни институционални заложби кои гарантираат правда за жртвите, заштита, безбедност и благосостојба на преживеаните и социјални политики кои го спречуваат насилството и го отвораат патот за еднаквост на социјалната правда.
Нивната акција доаѓа неколку дена откако Советот на Тирана одобри именување на четири улици во градот со имињата на четворицата полицајци кои ги загубија животите во 2009 година, во акцијата за фаќање на криминалецот Дритан Дајти.