[Фото] „Еко герила“: Тетово е Венеција на фекалната канализација!

Секој пат кога имаме поројни дождови, содржината на фекалните и атмосферските канализациски системи одат низ улиците пред нашите домови, поради нечистење на истите, реагираат од еколошка организација „Еко герила“, објавувајќи фотографија од „реката“ по тетовските улици.

Ваквиот проблем го карактеризираат како скандалозен. Општината веќе подолг период демострира дека не е во состојба и не сака да се соочи со овој проблем, тврдат активистите, иако граѓаните постојано се жалеа и се жалат и бараат итни решенија.

„Еден ден по запирање на дождот, фекалните остатоци остануваат на површината и никогаш не се чистат со вода, потоа истите ги внесуваме во нашите домови, додека децата одат и се играат низ валкани улици кои се извор на разни инфекции. Ова е срам со кој граѓаните на Тетово мора да се соочат секогаш кога врне. Дали е ова општина што ја сакаме?!“, прашуваат активистите.