[Фото] Еко-герила акција против загадувањето: Воздух сега!

„Јас го разбирам светот како поле… на кое може да се дише!“, „Love is in the air, but there is no air“ и „Воздух сега!“ се меѓу пораките кои од синоќа можат да се забележат низ скопските улици.

Активисти од „Урбани уметнички акции“ заедно со еко-иницијативата Скопје Смог Аларм преку графити, на креативен начин, сакаат да укажат на алармантната состојба со аерозагадувањето во Скопје, кое долги години во Европа високо котира во трката за најзагаден град.

Ваквата акција доаѓа откако повеќе еко-иницијативи и организации периодов реагираа дека во Буџетот за 2018 година има рекордно најнизок уред за животна средина, па итно побараа поинаков пристап и приоритизирање на загадувањето.