[Фото] „Една љубов, едно срце, свет без граници“ – во Градски парк се одбележува Денот на Боб Марли

Сонце, парк и реге музика. Отприлика ваква е атмосферата на годинешното, традиционално, чествување на ликот и делото на Боб Марли. И годинава се испрати неговата порака „Една љубов, едно срце, свет без граници“.

Бендови, музичари, диџеи и огромна публика се собраа денеска напладне да ја испочитуваат реге музиката на 13-часовниот настан кај Школка во Градски парк.

Боб Марли ја прослави реге музиката низ цел свет. Во Македонија од 2003 година се одбележува месецот кога музичарот почина во 1981 година. Со тек на времето, овој настан прерасна во еден од најмасовните музички настани во државата.

Фото: Мартин Колоски