[Фото] Џиновски скулптури од отпадно железо во паркот во Ченто

Паркот во скопската населба Методија Андонов Ченто викендов доби три скулптури на праисториски животни во природна големина. Тие се изработени од отпадно железо, а се дело на академскиот скулптор Андреј Миневски.

Изложбата насловена „Од граѓаните за градот“ ќе биде поставена во наредните 30 денови.

Андреј Миневски е роден 1992 година во Скопје. Со средно образование се стекнал во училиштето за уметност и дизајн „Лазар Личеноски” во Скопје. Во 2013 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ. Миневски работи скулптура од различни видови материјали, но во металот го гледа сопствениот уметнички израз и креативност. Учествува на повеќе групни изложби и на повеќе колонии, меѓу кои и интернационални. Ова е негова втора самостојна изложба на скулптури од отпадно железо.

Миневски во својата работилница