[Фото] Дворот на женската зграда во „Стив Наумов“ затрупан во стар мебел

Остатоци од стар мебел, од некогашните плакари и кревети во студентскиот дом „Стив Наумов“ од лани стојат пред влезот на т.н. женска зграда во кампусот.

Иако има само еден месец пред вселувањето на новите станари во домот во Автокоманда, грдата слика останува дел од „декорот“.

Студентскиот дом има капацитет за сместување на 2000 студенти, а се состои од две згради изградени во 1964 година, една зграда во 1992 година, како и 8 нови павиљони од 2014 година.