[Фото] Два нови мурали во Скопје на уметницата Нина Симовска

Уметницата Нина Симовска неодамна го започна својот најнов проект „Дај ми ѕид“ со кој црта мурали низ Скопје. Тие се адаптирани според дигиталните илустрации на кои работела за време на карантинскиот период.

Па така, уличната уметност во Скопје е збогатена со два нови мурали на Симовска која твори под еткетата „Just Because”.

Едниот мурал може да се најде во населбата Црниче, а другиот е сместен во еден нов простор на бул. „Илинденска“.