[Фото] Дуња и Даела пристигнаа во Зоолошката градина во Скопје

Слониците Дуња и Даела денеска собраа огромен број посетители во скопската Зоолошка градина, кои очекуваа да ги видат за првпат.

Двете слоници доаѓаат од белгиската зоолошка откако претходно долги години биле дел од циркусот. За нив, е изградено ново живеалиште.

Дуња, која е азиска слоница, има 49 години и веќе навлегува во длабока старост, додека Даела е африканска слоница и има 30 години.

Последен пат кога имало слонови во Зоолошката градината во Скопје било пред 26 години, и тоа досега имало две – Цица и Анка.