Во паркот „Македонија“ денеска беше отворен четвртиот „Скопскиот цветен фестивал“, каде посетители за време на викендот имаат можност да купат цвеќе и цветни аранжмани, да ја изразат својата умешност со цвеќето, да добијат корисни совети, но и да се забавуваат.
Скопскиот цветен фестивал годинава се одржува под мотото „Скопје е љубов, љубов е цвет“ и го слави цвеќето, зеленилотo, природата и дружењето под отворено небо.
На фестивалот учествуваат голем број изложувачи. Низ двата фестивалски денови (27 и 28 мај) во паркот „Македонија“ (до „М.Т. Гологанов“) се поставени цветни градини – изложбен простор на професионалци и ученици, се дизајнираат цветни површини, има креативни работилници, а тука се и уметничкото катче со еко-пораки, тематски претстави, отворена гaлерија, мултимедијални перформанси, вежбање на отворено…
Четвртиот Скопски цветен фестивал е во организација на Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.