[Фото] Библиотека во Даблин стара 300 години чува над 200 000 книги

Библиотеката при колеџот Тринити претставува вистинска атракција во Даблин. Изградена помеѓу 1712 и 1732 година, библиотеката е долга 65 метри и содржи повеќе од 200 000 книги. Големиот број на книги се должи на правото на библиотеката да побара бесплатна копија на секоја издадена книга во Велика Британија и Ирска, уште во 1801 година. Позната како најголемата библиотека во земјата, таа исто така, ја има и Книгата за Келтите, која е напишана пред повеќе од 1200 години од средновековните калуѓери и сега е еден од најпознатите и вредни ракописи што постојат. Во библиотеката се наоѓа и една од неколкуте преостанати копии од документот со кој се прогласува Република Ирска во 1916 година.