[Фото] Бетон наместо парк во Тафталиџе 1, жители ги урнаа тарабите

„Вака изгледа моето убаво, но тажно маало утринава. Вака изгледаат зеленилото и детското игралиште, едни од последните во Тафталиџе 1. Немам зборови, имам грутка во грлово и на срцето!“, коментираат граѓани на социјалните мрежи откако механизацијата деновиве почна да го заградува паркот за да се градат згради.

Жителите на населбата вчера, заедно со своите деца оставија пораки дрвјата околу местото каде ќе се гради, со кои се бара да запре уништувањето на зеленилото. Синоќа се срушени и тарабите кои го оградуваат просторот во паркот на „Букурешка улица“.